Ова го има само во Франција: Тим-билдинг ала Монпелје (ФОТО)

Во последно време сме сведоци на сè повеќе невообичаени методи на градење на атмосфера во екипите. Така и тимот на Монпелје се приклучи на тој тренд, но на свој начин.

Додека другите екипи бараа перфектни услови покрај вода, на кајак и пливање ракометарите на Монпелје го градеа тимскиот дух со планинарење. Тие заминаа на Алпите каде што го искачија врвот Агиле ду Миди кој е на височина од 3.841 метри.

Таму направија мал пикник и вечерта ја поминаа во специјално засолниште. Откако ја завршија планинарската тура ракометарите на Монпелје се вратија на стандардните тренинзи. Тие на 8 август го имаат првиот контролен натпревар против Шамбери.