Обрван останува селектор до јуни 2016

Актуелниот селектор на машката ракометна репрезентација, Ивица Обрван и ракометната федерација на Македонија постигнаа договор со кој хрватот останува на чело на репрезентацијата до јуни 2016 година, со можност за продолжување на истиот. Обрван ќе ја води нашата репрезентација на престојното ЕП во Полска кое ќе се одржи во јануари 2016 година, и баражот за СП кој би се одржал наредниот јуни.

Хрватот во март 2013 година го замени Ѕвонко Шундовски на селекторската клупа, и успеа да ја однесе Македонската репрезентација на ЕП во Данска каде го освои 10.место, а на СП во Катар беше пласиран на деветтата позиција.