Обрван го објави списокот на ракометари за ЕХФ неделата

Селекторот на машката ракометна репрезентација, Ивица Обрван го овјави скратениот список на ракометари за престојната ЕХФ недела која ќе се одржи во периодот од 2 до 8 ноември 2015 година.

На списокот се најдоа 18 ракометари кои ќе настапат на „Хепи куп“ во Хрватска на кој покрај нашата репрезентација учество ќе земат и домаќинот Хрватска и репрезентацијата на Црна Гора. Турнирот во Хрватска се игра од 6 до 8 ноември.

Собирот на репрезентацијата е закажан за 2 октомври во Скопје каде ќе се тренира до 5 октомври кога ќе се замине за Хрватска.

СПИСОК НА РЕПРЕЗЕНТАТИВЦИ ЗА ЕХФ НЕДЕЛАТА

Борко Ристовски
Никола Митревски
Дејан Манасков
Гоце Ојлески
Гоце Георгиевски
Никола Костески
Стојанче Стоилов
Жарко Пешевски
Никола Маркоски
Кирил Лазаров
Влатко Митков
Филип Миркуловски
Немања Прибак
Ацо Јоноски
Филип Лазаров
Филип Талевски
Филип Кузмановски
Милорад Куковски

Главните подготовки пред почетокот на ЕП во Полска се очекува да започнат на крајот на декември. Во склоп на подготвителниот период Македонија веќе има закажано два пријателски нстпревари против репрезентацијата на Словенија .Првиот натпревар ќе се одигра на 4 јануари во Кршко, а вториот е закажан ден покасно во Целје.
Почетокот на ЕП е закажан за 15 јануари, а црвено-жолтите се во група со домаќинот Полска, актуелниот Европски првак Франција и селекцијата на Србија.