Норвешкиот шампион станува посилен: Тоње Ларсен се враќа во Ларвик

Норвешкиот шампион Ларвик  ќе биде уште посилен со враќањето на една од легендарните ракометарки на клубот и норвешката репрезентација – Тоње Ларсен.

Искусната ракометарка минатата сезона после финалето против Бјасен го напушти Ларвик поради семејни причини. За брзо време таа стана мајка и роди ќерка. Тоње Ларсен во Ларвик ќе се врати на почетокот на декември.

Ларсен во изминатиот период работи на враќање на формата додека Ларвик со нејзиното враќање ќе има уште едно оружје од левата бековска позиција.

Во досегашните три натпревари во Лига на шампионите екипата на Ларвик има максимален учинок.

Фото: Bjørn Langsem, Dagbladet