Норвешкиот талент Харалд Реинкинд потпиша за Рајн Некар Ловен

Еден од најперспективните десни бекови на светот, Харалд Реинкинд кариерата ќе ја продолжи во германската бундеслига во екипата на Рајн Некар Ловен. 21 годишниот Реинкинд кој беше номиниран во изборот за најдобар млад ракометар за 2014, е претставен како ново име во ростерот на “лавовите” под водство на новиот тренер Николај Јакобсен.

Сакам да го презентирам целокупниот свој потенцијал во екипата на Рајн Некар Ловен. Можам многу да научам од својот колега, Александер Петерсон

-изјави Реинкинд.

Квалитетите на Реинкинд ќе имаме можност да ги видиме во Скопје, знаејќи дека неговиот нов тим е во иста група со Вардар во Лигата на шампионите.