Норвешка чекори сигурно кон четвртфиналето: Ангола доживеа тежок пораз

Традиционално лошиот старт, репрезентацијата на Норвешка го надополни со две победи по ред. Вечерва на патот на Норвежанките се најде репрезентацијата на Ангола, која доживеа убедлив пораз со резултат 30-20.

Уште на стартот на натпреварот, Норвешка им даде до знаење на нивните противнички дека доминацијата ќе биде на нивна страна, па така уште на средината на првиот дел предноста од 11-4 ги расчисти дилемите околу победникот на овој дуел. Полувремето донесе двојна предност за скандинавките, 16-8 која ја одржуваа во текот на целото второ полувреме, за конечни 30-20.

На вечерашниот натпревар Нора Морк беше стрелец број еден во репрезентацијата на Норвешка со 8 погодоци, а Гуиало со ист број на голови  се истакна во репрезентацијата на Ангола.