Норвешка убедливо против Украина за втора победа на ЕП

Селекцијата на Норвешка со победата против Украина обезбеди влез во следната фаза од Европското ракометно првенство. Покрај повредените играчи, норвежанките триумфираа против Украина со резултат 34:23 ( 17:13)

Група Б (Унгарија, Дебрецен)

Украина – Норвешка 23:34 ( 13:17)

Натпреварот започна изедначено, со многу жар во играта и атрактивни голови на обете страни. Норвешка ја имаше контролата на резултатот но репрезентативките на Украина со расположена бековска тројка секогаш успеваше да ја намали предноста на норвежанките и да се надева на поволен резултат. По пет минути игра Норвешка имаше водство од 1-4 со погодоците на Морк, Кристиансен и Офтедал. Ирина Глибко, беше најрасположена ракометарка во украинската селекција и лесно ја пробиваше одбраната на Норвешка, таа беше единствената ракометака која ја одржуваше својата репрезентација во живот. За 13 минути ниту една репрезентација не се одлепи резултатски, со погодокот на Передиреј Олга, Украина го изедначи резултатот на 7-7. Норвешката селекција го искористи неискуството на украинките и го врати водството од два разлика кое во 18-тата минута изнесуваше 9-11. До крајот на првиот дел продолжи играта гол за гол. Норвешка со погодоците на Морк, Локе и Солберг успеа на полувреме да замине со четири позитива.

Во вториот дел играта на Украина се распадна, не функционираше нападот и грешките продолжија да се редат. Одлична на голот на норвешката репрезентација беше вториот голман, Солберг која во миговите кога се кршеше резултатот и ја олесна задачата на својата селекција. Незапирлива во нападот беше Нора Морк со своите фантастични погодоци од сите бековски позиции. Со погодокот на Камила Херем во 50-тата минута јасно беше дека украинките ги загубија сите надежи.

Во Норвешка со по шест погодоци најпрецизни беа Нора Морк и Солберг Санна, а во украинската селекција Ирина Глибко беше најдобар играч со седум постигнати погодоци.

Во следниот натпревар Норвешка силите ќе ги одмери со Данска додека Украина ќе се бори за првата победа против Романија.