Норвешка обезбеди седмо европско финале по ред: Совладана Шведска за реприза на финалето од ЕП во Македонија

Во скандинавското полуфинале на ЕП во Унгарија и Хрватска, репрезентацијата на европскиот вицешампион Норвешка успеа да ја совлада Шведска со резултат 29-25 и да го визира својот билет за големото финале каде за противник ќе ја има Шпанија. Со оваа победа Норвежанките го обезбедија своето седмо европско финале по ред, кое ќе биде реприза на финалето од ЕП во Македонија во 2008 година.

ПОЛУФИНАЛЕ (Унгарија, Будимпешта)

НОРВЕШКА-ШВЕДСКА 29-25 (13-11)

Уште од самиот почеток на натпреварот Норвежанките покажаа дека се подготвени за уште едно европско финале, овојпат против Шпанија. Веќе по 4 минути игра со головите на Кристиансен (2) и Локе, Норвешка поведе со 3-0. Шведска за момент успеа да се врати во игра кога со двата гола по ред на Ида Оден намали на 4-3. И двете репрезентации играа на периоди па следуваше период во кој Локе ја отвори а Камила Херем ја затвори серијата од 5-0 за Норвешка за високи +5, 9-3 на половината на првиот дел. Цели 20 минути Норвежанките ја одржуваа позитивата помеѓу 3 и 4 голови разлика, кога со голот на Ригелуд Корен поведоа со 10-6. Моторот на Шведската репрезентација, Изабел Гулден со својот прв гол на натпреварот од 7 метри го намали резултатот на 10-8, а Луис Санд преку гол од контра напад успеа да ја врати неизвесноста во скандинавското полуфинале и да ја доведе Шведска на -1, 10-9 на пет минути до крајот на полувремето. Норвешка успеа да го задржи водството до крајот а Локе со својот 4 гол ја одведе својата репрезентација со водство од два гола разлика 13-11 на полувреме.

loke

Идентично како и во првиот дел Шведска успеа држи неизвесност во првите десет минути на второто полувреме кога Торстенсон намали на 18-17 во 40 минута. Норвежанките одговорија со нова 5-0 серија која ја затвори Ригелут Корен за Норвешка повторно да ги има највисоките +5, 22-17 на 15 минути до крајот. Голема помош за оваа позитива Норвежанките имаа од својата голманка Солберг која беше одлична на голот. Норвешка рутински ја одржуваше разликата а Ида Алстад во 54 минута го донесе највисокото водство од 27-21.Хајди Локе со својот 6 гол го запечати пласманот на Норвешка во финалето и ги постави конечните 29-25.

Хајди Локе со 6 и Ригелут Корен со 4 погодици беа најпрецизно во репрезентацијата на Норвешка, а голем удел во пласманот на Норвешка во финалето имаше и голманката Солберг која забележа 14 успешни интервенции. Во репрезентацијата на Шведска стандардно најпрецизна беше Изабел Гулден.