Норвешка е џокерот на Франција

Пред извлекувањето на ждрепката за Светското првенство во Франција 2017 година единствената непозната беше земјата која со вајлд-карта ќе настапи на ракометниот мундијал. ИХФ се одлучи за составот на четвртопласираната репрезентација од Европското првенство, составот на Норвешка. Таа ќе стартува од последниот барабан во извлекувањето кое треба да ги открие првите противници на македонскиот национален состав.

Сега изгледот на шеширите при извлекувањето ќе биде:

ШЕШИР 1: Франција, Германија, Катар, Шпанија

ШЕШИР 2: Хрватска, Данска, Словенија, Полска

ШЕШИР 3: Шведска, Русија, Белорусија, Македонија

ШЕШИР 4: Унгарија, Исланд, Египет, Бразил

ШЕШИР 5: Тунис, Чиле, Бахреин, Јапонија

ШЕШИР 6: Аргентина, Ангола, Саудиска Арабија, Норвешка

Извлекувањето на групите за Светското првенство ќе се одржат на 23 јуни, кога ќе биде познат и еден од градовите домаќини на групата во која ќе настапува Македонија. Во игра за првиот круг односно групната фаза ќе бидат Париз, Мец, Руен и Нант.