Норвешката легенда Брејванг се повлекува од репрезентацијата

Ракометарката со најмногу настапи во Норвешкиот национален тим, Каролајн Дихре Брејванг ќе стави крај на репрезентативната кариера. По 305-те настапи кои ги има одиграно за норвешката репрезентација, одличниот плејмекер а воедно и одличен дефанзивец се реши да се прости од репрезентативниот дрес.

По 14 години репрезентативна кариера, се решив да прекинам со настапите во репрезентацијата. Тоа воопшто не беше лесна одлука, но по освојувањето на златниот медал на Европското првенство како капитен , и со рекорден број на настапи, сметам дека ова е вистинскиот момент за такво нешто.

Брејванг во својата репрезентативна пет пати го има освојувано Европското злато, а зад нејзиното име ќе останат запишани и Олимписките титули од 2008 и 2012, како и титулата Светски шампион од 2011 година. Покрај златните, носител е и на сребрени медали од Европското првенство во 2012 и Светското првенство во 2007 година. Има и една бронза која ја овои на Светското првенство во 2009 година. На клупско ниво со својот тим Ларвик во 2008 година го освои КПК, а во 2011 година ја освои и титулата во ЛШ.