Норвежанките Риегелхут-Корен и Бјорндален поради бременост ја пропушаат наредната сезона

Легендата на норвешката репрезентација Линн Кристин Риегелхут-Корен излезе со соопштение во јавноста дека ќе ја пропушти следната сезона поради бременост. Огромен број на медали од големите натпреварувања се дел од нејзината колекција и со над 268 настапи и 965 погодоци во националниот тим таа е меѓу најдобрите играчи на сите времиња. Оваа сезона нејзините успеси ги круниса со сребрениот медал од Фајнал Фор турнирот во Будимпешта.

“Ова е многу величествена и добра вест за нас. Ние со нетрпение го очекуваме новиот член на семејството. Моите желби се да се вратам во топ форма и да продолжам да играм за националниот тим и за Ларвик.” изјави Риегелхут-Корен

Уште една ракометарка од норвешката репрезенација – Ида Бјорндален излезе со иста вест. Со искуството и силата која ја демостираше оваа сезона Бјорндален беше еден од клучните играчи на Есбјерг кон патот за освојувањето на втората позиција во данскиот шампионат.

“Јас и сопругот имаме над 30 години и двајцата сметаме дека е најдобро да имаме дете додека трае мојот тригодишен договор со Есбјерг. Ако се оди добро, се надевам деќа ќе се вратам кон крајот во новата сезона.” изјави за клубскиот веб-сајт 32 годишната Ида Бјорндален