Норвежанката се сели во Русија: Катрин Лунде во Ростов Дон!

Норвешката ракометна легенда- Катрин Лунде потпиша за рускиот клуб Ростов Дон.
Кога и официјално беше познато дека наредната сезона нема да биде дел од Ѓер, многубројните шпекулации гласеа дека Катрин Лунде ќе брани за рускиот клуб Ростов Дон. Тренерот на Ростов Дон – Јан Лесли бил еден од главните виновници за доаѓањето на Катрин Лунде во Русија. Јан Лесли и норвежанката имаа успешна соработка во минатото кога и двајцата беа дел од дански Алборг.
Ростов Дон моментално на голманската позиција ја има и Соња Барјактаровиќ од Црна Гора.