Нора Мерк со оптимистичка порака: Се гледаме во Токио (ФОТО)

Ракометарката на ЧСМ Букурешт, Нора Мерк во петокот беше оперирана откако после долга пауза се врати на терените и одново се повреди. Коленото мораше да биде оперирано, а иако се наоѓа во неизвесност околу паузата таа е оптимист дека ќе може да биде навреме на терен и да игра на Мундијалот во Јапонија.

„Операцијата е завршена. Се надевам дека ова е последен пат. Се гледаме во Токио“, им порача Мерк на своите колешки и на своите фанови.

Мерк се врати на терените после 14 месеци пауза, но уште на првиот официјален меч и тоа во Супер купот на Романија доби повреда и сега одново ќе биде надвор од терените.