Нов формат во женската регионална лига : Од Македонија ќе учествува ЖРК Металург

Женската регионална лига во новата сезона ќе има сосема друг натпреварувачки систем. ЖРК Металург, РК Крим Меркатор, Подравка Вегета, ЖРК Будуќност и ЖРК Даниловград наместо да играат двокружен систем дома – гости, ќе играат турнири, а пак домаќин ќе биде секоја екипа од регионалната лига. На првиот и шестиот турнир домаќин ќе биде ЖРК Будуќност , вториот турнир ќе го организира вториот тим на ЖРК Будуќност (ЖРК Даниловград), третиот турнир ќе се одржи во Копривница под организација на Подравка Вегета, четвртиот турнир ќе биде во Автокоманда, каде домаќин ќе биде ЖРК Металург, додека Крим ќе го организира петтиот турнир. Фајналфор – турнирот ќе се одигра наредната година на 23 и 24 мај.

Македонскиот шампион, ЖРК Вардар СЦБТ нема да се натпреварува во новата сезона поради  неорганизацијата на лигата, освен Вардар учеството го откажа и  шампионот на Хрватска, Локомотива Загреб. Ова ќе биде втора сезона во женската регионална лига без тимови  од Србија.