Нов тест за Металург, Горење доаѓа без „вардарци“ во Скопје

По победите над Спортинг Лисабон и Чеховски Медведи, како и бодот освоен со Мотор Запорожје, ракометарите на Металург ќе се обидат да ја продолжат убавата серија и во регионалната СЕХА Лига. Противник на избраниците на Александар Јовиќ, кој во отсуство на Червар, го води тимот, ќе биде словенечкиот вицепрвак Горење.

Јовиќ, веројатно нема ништо да менува во составот, на голманската позиција остануваат Арсиќ и одличниот Томовски, додека отсутен ќе биде капитенот Филип Кузмановски, кој мора да мирува уште две недели.

Тренерот на Горење, Жељко Бабиќ одлучи во составот да ги нема двајцата најискусни ракометари, Матјаж Брумен и Алем Тоскиќ. Поранешните „вардарци“ добија поштеда така што ќе имаат можност да одморат и не се во Скопје на пресметката со „металурзите“ кои се во одлична форма.

Покрај Брумен и Тоскиќ, Горење денеска во Скопје ќе настапи и без повредените Јан Гребенц, Вид Левц и Дарко Стојниќ. Бабиќ одлучи да поведе неколку ракометари кои се родени 2000 година и да им даде шанса да стекнат искуство. Се работи за Дом Тајник, Јернеј Дробеж и Миљан Вујовиќ.

Натпреварот се игра утре во „Борис Трајковски“ од 18:45 часот.