Нов спектакуларен трансфер: Сираба Дембеле во Ростов Дон!

На почетокот на сезоната, најдоброто лево крило на минатогодишното издание на Лигата на шампионките, Сираба Дембеле го одби новиот договор од македонскиот шампион ЖРК Вардар.

По завршување на Европското првенство во Данска, капитенот на француската репрезентација соопшти дека ќе го напушти Вардар и од следната сезона ќе настапува за Ростов Дон.

Французиката како причина за напуштање на Македонија го наведе квалитетот на домашното првенство и малиот број натпревари, па поради тоа заминува за Русија во амбициозниот состав од Ростов. По Рандерс и Вардар ова ќе биде трето искуство во нов клуб за Дембеле.