Гисласон во аут, „зебрите“ ги презема поранешната икона на Кил?

Откако најави крај на кариерата, легендарниот чешки репрезентативец Филип Јиха за кратко време би можел да има и нов предивзик. Германските медиуми веќе го најавуваат како нов тренер на Кил, кој игра катастрофално на стартот на оваа сезона.

Тој најави дека би сакал да остане во ракометот и да продолжи како тренер, па неговите желби се совпаѓаат со раководството на германскиот клуб. Сегашниот тренер Алфред Гисласон, повеќе од сигурно е дека ќе си замине од друштвото на „зебрите“, а Кил би имал млад предводник, кој ќе сака да се докажува во иднина.

Договорот на исландскиот стратег со управата на зебрите истекува ова лето, а медиумите блиски до раководството на Кил, веќе пишуваат дека некогашниот германски и европски шампион ќе донесе нов тренер, сензација во името на Филип Јиха.

Јиха во својата богата кариера која ја заврши во Барселона, долг период настапуваше за бундеслигашот. Со Кил како ракометар ги освои сите титули на клупски план и се изгради како високо квалитетен ракометар, еден од најдобрите во светот.