Нов пораз за Овче Поле СУ, бодовите за Гевгелија

Најслабата екипа во досегашниот тек на првенството, Овче Поле доживеа уште еден пораз на домашен терен. Овој пат не толку убедливо, победата ја однесе екипата на Гевгелија. Гостинките триумфираа 27:33.

Гевгелија беше фаворит за победа на овој натпревар и го покажа тоа и на терен. Направија почетна предност и постојано ја одржуваа. До полувремето гостите ја обезбедија победата кога имаа водство 12:22. Во вториот дел гевгеличанки продолжија да го контролираат мечот до финишот кога се опуштија и дозволија Овче Поле да го ублажи поразот.

Во домашниот состав најефикасна беше Елена Вучевска со осум гола, а во победничкиот тим Анчева Марија постигна десет додека Димова Елена девет пати беше прецизна.

ОВЧЕ ПОЛЕ СУ – ГЕВГЕЛИЈА 27:33 (12:22)

Сала: Цар Самуил во Свети Николе. Гледачи: 150. Судии: Адриана Здравковска и Сања Божиновска од Скопје. Делегат: Благој Петров од Скопје.

Овче Поле СУ: Манева 7, Ѓорѓиева, Стојановска, Мицевска, Е.Вучевска 8, М.Вучевска, Павловска 6, Костова 3, Маркова, Нацева, Јанева, Санева, Сентовска 3, Серафимова.

Седмерци: 5/6. Исклуувања: 6 мин.

Гевгелија: Каранфиловска, Анчева 10, Мандалова 1, Џалева, Асановиќ, Митревска 5, Попова 3, Димова 9, Горковска, Стојанова 3, Чурлинова, Митрова 2, Танева.

Седмерци: 2/3. Исклучувања: 8 мин.