Нов неизвесен натпревар за домаќините: Унгарија со првите бодови во втората фаза

На последниот натпревар во првиот ден од групната фаза, Унгарија повторно во тесен и неизвесен натпревар извојува победа од 20-19 против репрезентацијата на Романија.
ГРУПА 1( Унгарија, Дебрецен)
УНГАРИЈА 20-19 РОМАНИЈА (10-8)
Унгарките со 2-0 го започнаа натпреварот пред домашната публика во Дебрецен. Брадеану во 17-та минута за прв пат го израмни натпреварот на 4-4, но домаќините беа мотивирани и не дозволуваа изненадување. Тришчук и Месарош повторно го вратија водството на Унгарките од два гола, а Ковачиќ во 22-та минута ги постави највисоките три голови разлика 8-5. Романките до крајот на првите 30 минути само намалија дел од водстството на домаќинките за конечни 10-8.
15766_548cbb9eea
Мејер го постигна првиот гол во вториот дел за највисока предност на домаќините, но Брадеану ја најави неизвесноста во продолжение на натпреварот со два подгодока во низа за минимално водство на Унгарија од 11-10. На првото израмнување се чекаше до 37-та минута кога Неагу со два врзани гола прво го израмни резултатот, а потоа и го донесе првото водство на Романија 13-14. Томореи и Тришчук повторно воспоставија контрола врз играта и резултатот, но никој не можеше да ја сопре расположената Неагу која со три голови во низа ја одведе Романија на +2 во 47-та минута, 15-17.
Во последните пет минути Романија не успеа да постигне погодок, додека на другата страна Унгарките се радуваа три пати за прва победа во вториот круг од Европското првенство.
Сутански и Тришчук со по четири постигнати погодоци беа најпрецизни кај Унгарија, додека во редовите на Романија неприкосновена беше Неагу со 8 постигнати голови.