Нов малер за Вардар: Настапот на Алтхаус под знак прашалник?! (ФОТО)

Проблемите на македонскиот шампион не запираат. Во натпревар од 12-то коло од женската Супер лига, ЖРК Вардар ја совлада екипата на Металург. Но денешниот првенствен дуел чиј домаќин беше спорската сала Автокоманда, Вардарки може скапо да ги чини.
Во средината на првото полувреме настрада носот на Ања Алтхаус по што германската интернационалка инаку единствената опција на пикерската позиција го напушти теренот.
По деталите лекарски прегледи денес со сигурност ќе се знае какви се последиците од овој натпревар.
000_0390
000_0421
000_0427