Нов „македонски“ дуел во Романија: Ливриниќ најдобра, но Валчеа замина со бодовите

Во романската лига која е една од најквалитетните во Европа во рамките од 9-то коло се судрија Данубиус Галаци, екипа во кој настапуваат Елена Ливриниќ и Дајана Јовановска и Рамницу Валчеа каде настапува Андреа Белеска. Иако централниот бек на Македонија имаше одлична партија, натпреварот заврши со резултат 21:23 (12:14) во корист на ракометарките на Олчим Валчеа. Репрезентативката на Македонија, Елена Ливриниќ, одигра блескава партија и беше прв стрелец на натпреварот со десет погодоци кои беа недоволни за поволен резултат. Во победничката екипа Белеска постигна пет погодоци и беше прв стрелец.

Со оваа гостинска победа Валчеа моментално има 16 бодови и се наоѓа на 4-то место, додека екипата на Галаци моментално е на 12-то место со 5 освоени бодови.