Нов лев бек на тренинзите на Вардар!

Европскиот шампион Вардар денеска ги започна подготовките за новата сезона во која покрај тренерот Писонеро, дојдоа уште шест нови играчи.

Седмиот е практично старо-нов играч, односно доаѓа од „црвено-црното“ семејство. Станува збор за левиот бек Дејан Кукуловски, кој лани беше пријавен за првата екипа во СЕХА лигата, а беше член на Вардар Јуниор за натпреварите од Супер лигата.

Тој им се приклучи на Кристијан Дисингер и Сергеј Горбок на левата бековска позиција пред стартот на новата сезона.