Нов дебакл на македонските кадети на ЕП во Полска: Данска ни одржа ракометна лекција!

По стартните два порази од репрезентациите на Русија и Шпанија, македонската кадетска репрезентација го доживеа и третиот пораз на ЕП во Полска, овојпат од репрезентацијата на Данска со 38-20.

Данските ракометари од самиот почеток покажаа во каков правец ќе се движи овој натпревар. Нашите кадети цели осум минути од почетокот на натпреварот не постигнаа гол, а скандинавците немилосрдно го полнеа нашиот гол поведувајки со 6-0 по 8 минути игра. И во продолжението на првото полувреме Данска го контролираше резултатот буквално доминирајки на паркетот за конечни 17-6 по првото полувреме.

Во вториот дел данската репрезентација само рутински го доработи овој натпревар, покажувајки дека во овој момент е далеку понапред од македонските врсници. Конечните 38-20 само го потврдуваат тоа.

По овој пораз македонските кадети со три порази од три одиграни натпревари се пласираа на последното место на табелата во групата Б, и ке борат за пласман од 9 до 16 позиција.