Ново засилување во Автокоманда!

Металург го претстави четвртото засилување за оваа полусезона. Јања Војводиќ е новиот член на Металург за остатокот на сезоната.

20-годишниот Војводиќ е новиот плејмејкер во тимот од Автокоманда, а доаѓа од екипата на РК Врбас. Се смета за еден од најперспективните млади средни бекови.

Неговиот договор важи до крајот на тековната сезона, со можност соработката да продолжи.

ФОТО: rkmetalurg.mk