Нови борби, нови желби за четвртфинале: Koи се тимовите кои ќе стигнат на чекор до “фајнл-фор”?

Денеска продолжуваат осминафиналните дуели од ЕХФ Велукс Лигата на шампионите во машка конкуренција. Од 16:50 часот во Данска програмата ја отвораат Колдинг и ППД Загреб. Веселин Вујовиќ ги препороди момците од главниот град на Хрватска, кои со позитива од пет голови (н.з.победија во првиот натпревар 22-17) отптатуваа во Данска каде ќе се обидат да се изборат за толкупосакуваното четвртфинале.
Од 17:15 часот стартува натпреварот во Сегедин, каде домашната екипа на Пик Сегед има голема шанса да се пласира во четвртфиналето. Четата на шпанскиот стратег Пастор, извојуваше голема победа во првиот натпревар во Германија совладувајки го Рајн Некал Левен со 30-34, и на крилјата на своите навивачи ќе се обиде да стави печат на таа голема победа и да го обезбеди пласманот во четвртфиналето. Но не смее да се заборави дека на спротивната страна се наоѓа германскиот вицешампион а тоа е доволен показател дека во Унгарија не очекува вистинска борба за место меѓу најдобрите осум.
Во француското дерби кое на програмата е од 17:30, ПСЖ со предноста од два голови(н.з. победи на гости 21-23) против Данкерк е голем фаворит за пласман во четвртфиналето.
Од 18:50 часот, Барселона на Кирил Лазаров ја има најлесната задача откако во првиот натпревар го декласираше дански Алборг на гостински терен со 11-31. На овој натпревар се очекува тренерот Чави Пасквал да им даде поголема шанса на резервистите, а Барселона веќе со мислите е на ждрепката која во вторник ќе го даде нивниот противник во четвртфиналето.
Осминафиналните дуели се затвораат со германското дерби во кое Кил има рутинска задача откако во првиот натпревар го совлада Фленсбург со високи 21-30. Овој натпревар започнува од 19:30 часот.