Нови бомби во ЖРК Вардар: Кристиансен и Граволт во “црвено-црниот” дрес?

Како што е веќе познато, први за трансферот на сите ракометарки дознаваат унгарските медиуми, па така спортскиот сајт nemzetisport.hu на својата страна објави дека Кристина Кристиансен и Метте Граволт би можеле да го носат дресот на ЖРК Вардар во следната сезона.

Кристина Кристиансен игра на среден бек но може да ги покрива сите бековски позиции. Кристиансен последните три години се наметна како лидер во репрезентацијата на Данска. Настапува за Твис Холстебро, а во наредната сезона планира да направи трансфер надвор од Данска. Искусната ракометарка Метте Граволт моментално е членка на поранешниот европски првак, Виборг. Граволт игра на позиција пикер каде што оваа позиција е најслабо покриена во составот на ЖРК Вардар.

Дали се работи за шпекулација или трансферот на двете ракометарки од Данска е вистина, останува да дознаеме во наредниот период.