Нова сезона, нова кореографија во „Јане Сандански“ (ВИДЕО)

Пред стартот на секој натпревар минатата сезона, спортската сала „Јане Сандански“ ја красеше специфична кореографија која завршуваше со четирите развиорени знамиња во црвено-црните бои.
Со почетокот на новата авантура во Лигата на шампионите, започна и официјалниот дел од ракометната година во спортскиот центар во Аеродром. За оваа сезона раководството на клубот ги изненади верните навивачи со поинаква приказна за величината на ракометното име Вардар, која завршува со развиорено знаме во димензиите на ракометното игралиште…
Дел од кореографијата пред почетокот на официјалните натпревари на Вардар можете да ја погледнете на видеото подолу.