Нова ракометарка во РК Крим Меркатор

Словенечкиот шампион РК Крим Меркатор продолжува со ангажирање на нови играчи. Ново име во Крим е ракометарката, Сања Грегорц (пикер) од словенечкиот вицешампион Ген-Загорје. Во изминатата сезона во дресот на Ген-Загорје, Грегорц одигра 34 натпревари, и постигна вкупно 53 голови.  Сања Грегорц потекнува од школата на Крим  каде четири сезони го носеше дресот на најтрофејниот словенечки клуб. Со ова засилување, Крим ги потполни испразнетите места на заминатите ракометарки.

Претходно клубот потпиша договор со Марина Ламбевска, Мирјета Бајрамовска, Алја Корен, Маја Луковиќ, Екатерина Чешкова, Амелие Гудјо, и Глорија Павлова. Од клубот се уште нема официјална вест за трансферот на Мелани Бак од Рандерс.