НОВА ПРЕЧКА ЗА ШАМПИОНОТ: Двометраш и стокилаш ќе го менува Штербик против Вардар!

Арпад Штербик дефинитивно нема да биде во ростерот за финалниот натпревар против Вардар во Лигата на шампионите.

Тој заработи незгодна повреда на зглобот при еден судир со Марко Мамиќ на натпреварот против Келце и нема да може да им помогне на соиграчите против неговиот поранешен клуб.

Веспрем веднаш реагираше. Давид Дејвис на Ф4 е дојден само со Штербик и Миклер, па од клубот мораа да го повикаат 17-годишниот Криштоф Паласич да се подготви да допатува во Келн.

Станува збор за голман од младинскиот тим, кој има одлични физички предиспозиции. Висок е 200 цм, а тежок 105 кг.

Веројатно е дека Роланд Миклер ќе го стартува натпреварот против Вардар кој започнува од 18:00 часот, но можеби Дејвис ќе сака да ги изненади „црвено-црните“ и со Паласич.