Нова победа за Веспрем – Манасков го среди Мезековешди

Екипата на Веспрем каде настапува Дејан Манасков обезбеди нова победа во домашниот шампионат со што продолжи да конкурира за титулата заедно со ПИК Сегед. Момците на Давид Дејвис беа подобри од Мезековешди со 37:22, а најдобар стрелец беше нашиот левокрилен ракометар кој стрелаше осум пати.

Гостите кои се борат за опстанок во најсилната лига на Унгарија се носеа со фаворизираниот противник само десетина минути по кои резултатот беше 6:6. Од следната минута, Веспрем започна да се одвојува и на крај лесно славеше.

Манасков придонесе со осум гола, а со седум му се придружи Петар Ненадиќ. Кај гостите, Фарук Халилбеговиќ погоди четири. Сега Веспрем ќе се фокусира на двомечот од Лигата на шампионите против Фленсбург.