Нова педесетка за Вардар

По триумфот над ФТЦ во Лигата на шампионите, ракометарките на Вардар тим одиграа меч од домашното првенство во кој го декласираа Куманово со 52:25 (30:10). Ова е втор натпревар по ред во Женската Лига, како што вардарки даваат над 50 голови.

Вардар тргна фуриозно, и поведе со 8:1, па 10:2 и кога поведе со 18:3 веќе не само што се беше решено, туку и гостинките знаеја дека ги чека катастрофа. „Црвено-црните” иако на овој натпревар играа со 11 ракометарки, и повеќе играа оние што немаа многу минутажа на мечот со ФТЦ, сепак беа супериорни.

Уште во првиот дел направија разлика од плус 20 за водство 26:6. Во овој дел од натпреварот Чанаџија постигна 7 голови, Бајрамовска и Ристовска по 6 гола. Силите беа распоредени па сите играа, и во вториот дел повеќе минутажа добија и другите, но се продолжи со добрата ефикасност.

Пред крајот на натпреварот Вардар неколкупати имаше предност од 28 голови, за водство 48:20, 50:22 а потоа еднаш и плус 29 за 51:22, а конечниот резултат беше 52:25. Најдобар стрелец беше Сара Ристовска со 12 голови, а Теа Керамичиева даде 9, додека кај Куманово се истакнаа Александра Боризовска и Викторија Пеовска со по 5.