Нова навивачка група во Јане Сандански: Warriors од денеска ги бодрат вардарки

На натпреварите на женскиот тим на Вардар сезонава немаше поддршка од навивачки групи, па затоа неколку фанови на екипата одлучија да формираат нова навивачка група која отсега ќе ги бодри дамите од „црвено-црниот“ тим. Навивачката група „Warriors“ го имаше своето крштевање пред речиси полна сала.

После долго време СЦ „Јане Сандански“ е речиси полн, а ракометарките имаат целосна поддршка од трибините.

Инаку, навивачката група „Warriors“ одлучи да го врати амбиентот на трибините, а идејата беше да се надомести празнината која се појави откако на последните дуели веќе немаше вистинска навивачка група.