Нова мајсторија на Чупиќ: Од мртов агол ја „собра пајажината“ на голот на Ал Веда (ВИДЕО)

Ракометарот кој го постигна решавачкиот гол за титулата во ЛШ во 2017 година, но и последниот погодок во финалето годинава, Иван Чупиќ уште еднаш покажа дека знае да биде побрз од сирената, но и дека знае како да погоди од мртов агол.

Чупиќ реализираше во последната секунда од првото полувреме и го постави резултатот 16:16 на паузата. Голот беше вистинска мајсторија бидејќи погоди од мртов агол, а успеа да ја смести топката во делот каде што се спојуваат пречката и стативата.

Ако ја пропуштивте оваа мајсторија можете да ја погледнете во продолжение.