Нова Македонка во Турција: Драгана Петковска потпиша за Ардесен

Откако и заврши договорот со Вардар СЦЈС, македонската репрезентативна голманка Драгана Петковска, ќе го има својот прв интернационален предизвик. Таа ќе игра во турскиот шампионат, во екипата на Ардесен, а таму ке има македонско друштво, бидејќи пред неколку недели за овој тим, потпиша и Маја Трпковска.

Петковска потекнува од школата на Кастратовиќ, а потоа ги бранеше головите на Вардар и на Вардар СЦЈС. Таа беше дел од кадетската и од младинската селекција, а сега се наоѓа и на списокот на сениорската репрезентација. Покрај Петковска и Трпковска, во Туција играат и Моника Јанеска, Симона Гроздановска, Душица Ѓорѓиевска и Ленче Илкова.