Нова Македонка во Данска: Сара Митова потпиша за Сондерјиске

Доскорешното лево крило на Вардар СЦЈС, Сара Митова, потпиша договор со данскиот тим Сондерјиске. 2о-годишната македонска репрезентативка од следната сезона ќе игра во силен шампионат и ќе има можност да ги покаже своите квалитети.

„Митова е многу интересен играч кој поседува одличен квалитет што ние го баравме. Има широк репертоар на удари и ние ќе се обидеме да ја инкорпорираме во нашата екипа.“ – изјави тренерот на данската екипа, Оливера Кецман.

Митова има веќе 6 настапи за македонската репрезентација, а една сезона играше и за првиот тим на Вардар во Лигата на шампионите. Во Данска следната сезона, ќе игра нејзината довчерашна клупска колешка, Наташа Нолевска, која потпиша за Виборг.