Новата сила на Вардар (ФОТО)

РК Вардар ги запали моторите за престојната ракометна сезона во која влегува со големи амбиции. Новите засилувања во клубот треба да ги пополнат празнините од минатите сезони и да бидат последниот дел од мозаикот за остварување на долгопосакуваниот пласман на фајнл-фор турнирот во ЛШ. Хорхе Македа, Александер Деревен, Дејан Манасков, Мијајло Марсениќ и Лука Циндриќ го одржаа првиот тренинг во својот нов клуб, во кој најпрво имаа краток собир во СЦ “Јане Сандански” а потоа се упатија на фудбаскиот терен каде имаа лесен кондиционен тренинг.

Untitled-111
Фото: Филип Вирановски