Новаковиќ: Риниа ќе сака да надомести за поразот во Струга, но ние одиме на победа

Второто коло во Првата Лига го носи дерби дуелот меѓу Риниа и Металург Јуниор. Во Чаир е секогаш тешко да се игра, па избраниците на Благојче Весиќ ќе имаат тешка задача да стигнат до нов триумф во борбата за врвот. Металург Јуниор сезонава се врати во натпреварувањата под капата на РФМ и формира респектибилен тим, кој ќе се бори за влез во Суперлигата. Во првото коло беа оправдани очекувањата и беше забележана убедлива победа над Текстилец, но сега момците ги очекува тежок испит и гостување во Чаир кај Риниа. Левиот бек Слободан Новаковиќ вели дека неговиот тим ќе оди на победа.

„Очекуваме тежок и неизвесен натпревар, бидејќи ретко која екипа може да замине со победа и бодови од жешкиот терен во Чаир. Противникот не ни е толку познат, но без разлика на се, ние ќе одиме на победа. Имавме добар старт минатиот викенд, а се надеваме дека ќе продолжиме во ист ритам, без разлика што ќе имаме тешко гостување. Риниа загуби во првото коло од Струга и сега ќе сакаат да надоместат за тој кикс на домашен терен. Очекуваме фер и коректен натпревар и секако да се вратиме со победа.“ – изјави Новаковиќ.

Натпреварот се игра денеска со почеток во 15:00 часот во салата на ОУ „7 Март“.