Ни тешко, ни лесно: Сениорките ги дознаа ривалите во квалификациите за ЕП!

Женската сениорска репрезентација на Македонија ги доби противниците во квалификациите за пласман на Европското првенство, што кон крајот на следната година ќе се одржи во Норвешка и Данска.

Избраничките на Симе Симовски ќе играат против селекциите на Португалија, Чешка и стариот познаник од квалификациите Шведска. Групата не е премногу тешка, но не е ниту лесна, па веруваме дека сениорките ќе имаат шанса да се борат против Чешка за второто место во група, ако се знае дека Шведска е фаворит за прво, а Португалија аутсајдер.

Првите две репрезентации од сите седум групи обезбедуваат место на континенталниот собир. Квалификациите ќе стартуваат на 25 или 26 септември годинава, а финишираат на 31 мај следната година. Оттаму селекторот Симовски ќе има доволно време за да ги подготви девојките за следните предизвици.

Група 1: квалификант, Австрија, Шпанија, Холандија
Група 2: Литванија, Италија, Унгарија, Црна Гора
Група 3: Косово, Белорусија, Словенија, Германија
Група 4: Швајцарија, Словачка, Србија, Русија
Група 5: Португалија, Македонија, Чешка, Шведска
Група 6: Исланд, Турција, Хрватска, Франција
Група 7: Фарски Острови, Украина, Полска, Романија

ТЕРМИНИ ЗА ОДИРУВАЊЕ НА НАТПРЕВАРИТЕ

1.КОЛО: 25/26 септември 2019
2.КОЛО: 28/29 септември 2019
3.КОЛО: 25/26 март 2020
4.КОЛО: 27/28 март 2020
5.КОЛО: 27/28 мај 2020
6.КОЛО: 31 мај 2020