Ни ИХФ не знае кое место го освои Македонија на СП?! (ФОТО)

Македонската младинска машка репрезентација го постигна најголемиот репрезентативен ракометeн успех на СП, со пласманот на 6. место, и додека ние го прославуваме тоа стигна абер од Алжир кој покажува дека Светската ракометна федерација (ИХФ) веројатно била изненадена со нашиот успех.

Младинците одиграа 9 натпревари за 12 дена и славеа на 5, а загубија 4 пати. Сепак во конечниот ранкинг што го објави Интернационалната ракометна федерација ИХФ, Македонија е сместена на седмото место, зад Тунис.

Веруваме дека станува збор за административна грешка, но Ракометната федерација на Македонија веднаш би требало да реагира до ИХФ да се исправи (не)намерната грешка во конечниот ранкинг и нашата репрезентација да го добие заслуженото место.