Ништо од трансферот во Вардар: Нора Морк од следната сезона во Ѓер

Унгарскиот шампион Ѓер Ауди ЕТО ги обезбеди услугите за една од најдобрите ракометарки на денешницата, Нора Морк. Норвежанката потпиша три годишен договор со управата на Ѓер и успеа да ги претрка останатите конкуренти. Македонскиот шампион Вардар беше заинтересиран за услугите на Морк, но ракометарката сепак се одлучи својата прва интернационална авантура да ја започне во Унгарија.

24-Годишната Морк во изминатите две сезони двапати беше избрана во ол-стар тимот на светските и европските првенства. Нејзината сестраност и одлична перцепција на играта секако ќе го исфрли Ѓер како главен фаворит за европскиот трофеј во наредните сезони.

“По седум одиграни сезони во Ларвик почуствував дека е време за промени, да се обидам со нешто ново. Од она што го работи Ѓер изминативе сезони, сметам дека е вистинска средина за мене. Исто така  навивачите и атмосферата на домашните натпревари во Ѓер се уникатно искуство, кое би сакала да го почуствувам повторно. Секако и Хајди Локе е една од причините да ја прифатам понудата од Ѓер”

-истакна Морк по обелоденување на трансферот.