Ништо ново: Вардарки го декласираа Металург во Автокоманда, за четврта последователна титула во Македонија!

Ракометарките на ЖРК Вардар очекувано и оваа година ја одбранија титулата во женската ракометна Супер Лига, и четврта година по ред се наоѓаат на врвот на македонскиот женски ракомет.

Интернационалната легија на ракометарки немаше тешка задача откако денеска во “Автокоманда” успеа да го декласира Металург со убедливи 45-24, со што на најдобар можен начин покажа како стојат равотите во женскиот ракомет.

Неизвесна борба гледавме само во почетните десет минути, а веќе на средината на првиот дел вардарки успеаа да се одлепат на високи на 17-6. На полувреме се замина со резултат 21-11, а во вториот дел во рутинска игра македонскиот шампион само успеа да ја удвои предноста за убедливи и конечни 45-24.

Најефикасна на натпреварот беше Барбара Лазовиќ со седум погодоци а ја следеше Андреа Пенезиќ со шест. Кај Металург најрасположена за игра беше пивотот Николиќ која постигна седум, а Ливриниќ, Јовановска и Стојковска имаа по четири погодока.

Со овој триумф “црвено-црните” на едно коло пред крајот успеаа да ја освојат својата четврта титула по ред, серија која трае од 2013 година.