Ница и Колев со реми против Флери, блиску се до место во полуфиналето на плеј-офот

Тимот на Ница, кој е предводен од македонскиот стратег Марјан Колев има одличен резултат по првиот натпревар од четвртфиналето на плеј-офот во францускиот шампионат.

Ница успеа да ремизира на тешкото гостување кај Флери Луар, 25-25, иако на полувреме губеше со четири голови, 15-11.

Реванш средбата, на која ќе им биде доволна било каква победа за место во полуфналето, ракометарките на Ница го играат дома на 24 април.