Ница и Колев во потера на Мец

Тимот на Ница не попушта во битката за врвот во францускиот шампионат. Екипата која е предводена од македонскиот стратег  Марјан Колев, а во својот состав има ракометарки од типот на Кармен Мартин и Линеа Торстенсон, по минималниот пораз од Безансон, веднаш се врати на победничките патеки и славеше над Шамбре Турен со 29:27.

По овој триумф Ница се најде на 3 место на табелата со 19 бодови, колку што имаат Брест Бретањ и Иси Париз, а на врвот е Мец, кој се уште нема пораз по 8 кола. Следен предизвик за Колев и Ница ќе биде гостувањето кај Тулон.