Ниту 13 голови на Камческа не беа доволни за Деспина, Овче Поле ја имаше расположената Анчева

Ракометарките на Овче Поле Славјански Универзитет стартуваа со висока победа во новата сезона од Женската Лига, откако беа подобри од Деспина со 22:35 на гостински терен во Прилеп. Домаќинот водеше само на стартот со 1:0, а потоа се беше во знакот на мотивираните гостинки од Свети Николе.

Поведоа со 1:4, до паузата имаа солидни плус 5, 9:14, а во вториот дел го разбија комплетно противникот и славеа со 13 голови разлика, 22:35. За домаќинот не беа доволни ниту 13 голови на Михаела Камческа, а кај гостинките се истакна Марија Анчева со 11, додека Ангела Саздова и Јованка Китановска дадоа 8, односно 7 голови.