Ниту фантастичниот Митков не го спречи поразот на Кремс од Алпла Хард

Македонскиот репрезентативец Влатко Митков имаше одлична партија на дуелот во кој неговиот Медикал Кремс загуби на домашен терен од квалитетниот состав на Алпла Хард со минимални 26:25, во меч од 6 коло на австрискиот шампионат.

Митков постигна 8 голови, односно една третина од головите на неговиот тим, но ниту не беше доволно да се спречи поразот од поранешниот австриски првак. Митков во првиот дел со два гола во серија донесе 10:8 за домашниот тим, погоди и во вториот дел за највисоки плус 3, 16:13, но гостите направија комплетен пресврт и поведоа со 20:18.

Последниот гол Митков го даде во 50 минута, за последно домашно водство со 24:23, а гостите победничкиот гол го дадоа на четири минути до крајот. Одличната форма на Митков може само да радува пред стартот на квалификациите за ЕП во ноември.