Ниту Мијатовиќ, ниту Ферлин: Ѓорѓески ја има најдобрата одбрана во 6 коло на СЕХА (ВИДЕО)

Голманот на Вардар, Даниел Ѓорѓески ја има најдобра одбрана во 6  коло од СЕХА Лигата. Тој во финишот од средбата против ППД Загреб успеа да го запре пеналот на Мандалиниќ и со тоа се најде во групата од пет голмани кои конкурираа за најдобра одбрана.

Но младиот голман доби повеќе од 400 гласови и ги победи во трката искусниот Раде Мијатовиќ од Брест Мешков, како и се подобриот Клемен Ферлин од Горење. Ѓорѓески брани во добра форма и ова му е вторпат да има најдобра одбрана на колото, бидејќи веќе успеа да добие најмногу гласови при изборот за одбрана на коло уште на стартот од сезоната во СЕХА Лигата.