„Ниту еден тим во светот не може да каже дека е фаворит во Битола против Пелистер“

Ракометарите на Еурофарм Работник се домаќини на хартија против составот на Пелистер во рамки на 3. коло од плеј-офот. Тоа е дуел на двете екипи од Битола, кој сигурно ќе донесе интересен ракомет и ќе предизвика голем интерес кај публиката.

После победата против Металург во четвртокот, тренерот на Еурофарм Работник, Стевче Алушовски имаше интересен коментар поврзан со овој натпревар.

„Играме дерби натпревар против Пелистер. Добро е познато кој е тимот на Пелистер. Ниту еден тим во светот кој ќе дојде во Битола за да игра против Пелистер не може да каже дека е фаворит. Имавме исклучително неповолна ждрепка, но победата против Металург е голем потстрек за нас“, изјави Алушовски за 24 Ракомет.

Инаку, Алушовски како играч мина еден дел од својата кариера во редовите на Пелистер, а минатата сезона беше и тренер на оваа екипа.