Ниту Д од дерби во Унгарија: Ѓер го разби Ференцварош

Ако се суди според резултатот од првиот дуел меѓу двата тима кои се фаворити за шампионската титула во женскиот шампионат на Унгарија, тогаш може уште отсега Ѓер да го прогласиме за првак.

На домашен терен, избраничките на Мартин Амброш славеа убедливо против противникот на вардарки во Лигата на шампионите, Ференцварош, со 28:19, иако на полувремето беше само еден разлика 13:12.

Во дрим-тимот на Ѓер, кој е еден од главните фаворити и во Лигата на шампионите, Нора Мерк, Анита Горбич и Јана Кнедликова дадоа по 5 голови, Нике Грот даде 4, додека Аморим и Локе по 3. Во тимот на Ференцварош, шпанската репрезентативка Нереа Пења даде 7 голови.

Фото: gyorietokc.hu