Ниту дербито не е дерби во Шпанија

Иако можеби се очекуваше да има возбудувања на натпреварот од Асобал Лигата меѓу шампионот Барселона и вицешампионот Адемар Леон, сепак не беше така и каталонците запишаа нов триумф, четрвти по ред во четвртиот натпревар, со 21:26.

Избраниците на Пасквал одиграа колку што треба за да победат и трпеливо ја градеа предноста. На паузата имаа плус 3, 9:12, а во вториот ја надградија за уште 2 гола, за конечни 21:26. Најдобар стрелец беше Дика Мем со 8 голови, додека Н’гесан даде 6.

Борко Ристовски не доби шанса за игра, бидејќи Пасквал најчесто го користи во Лигата на шампионите, а Перез де Варгас имаше 9 интервенции. Следен предизвик за македонскиот голман и неговиот тим ќе биде гостувањето кај Висла Плоцк.