Нина Верц го напушта Сиофок

Поранешната репрезентативка на Германија, Нина Верц го напушта Сиофок и следната сезона најверојатно ќе настапува во Германија. Верц во Сиофок пристигна од екипата на РК Крим Меркатор и беше една од главните играчи во унгарскиот тим. Сепак Сиофок не се пласира меѓу најдобрите четири екипи во домашната лига, а клубот за следната сезона најави ростер од млади ракометарки.

Први засилувања во екипата се Лара Гонзалес од Мец и Михаела Хрбкова од РК Локомотива Загреб.

Наредниот период ќе се знаат сите нови промени во Сиофок.

Фото:  Németh András